Are you over 18?

Yes
No

People under 18 are not allowed to consume alcohol.

 

bovin logo

 

Бовин е релативно нова винарија. Таа е создадена во 1998 година. Таа година винаријата произведе 120 000 флаши високо квалитетно вино а истата таа година на Агро-Експо саемот во Скопје винаријата ја освои "ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА" во категоријата на црвени вина, а сите други вина беа наградени со златен медал.

Бовин продолжи да расте и винаријата го зголеми своето производство од 120 000 флаши во 1998 та година до 250 000 флаши во 1999 година. Производството беше дуплирано на 500 000 флаши во 2000 та година и континуирано растеше за да достигне 1 милион флаши годишно. Денеска винаријата Бовин произведува 1,5 милиони флаши годишно.

Винаријата Бовин поседува 60 хектари лозови насади во тиквешкиот регион. Тиквешкиот регион има околу 11 000 хектари лозови насади, што претставува една третина од вкупните лозови насади во Република Македонија. Тиквешијата е најсув  регион на Балканот со 500-600 литри дожд на квадратен метар годишно и дневната температура во јули и август е околу 40ºC.

Со длабоко орање земјата го снабдува грозјето константно со вода. Благите северни ветрови обезбедуват природна заштита на грозјето. Во неготинскиот крај кој е дел од тиквешијата има околу 5000 хектари лозови насади, а 2000 хектари од  тие насади се од сортата Вранец. Надморската височина на која се наоѓаат лозовите насади е помеѓу 100 и 450 метри, но некои делови достигнуваат и 600 метри. Најголем дел од почвата е Ренџина (humus- carbonate), Смолник, Диливиум и незначително Аливиум.

Лозовите насади на Бовин се наоѓаат во локалитетот Лепово, само 6,5 км од винаријата на надморкса височина од 350 метри и се посадени со сортите грозје: Кабарне Совињон, Мерло, Вранец, Кабарне Франц, Шираз, Санџовезе, Петит Вердо и Темпранило од црвените а од белите сорти Шардоне, Мускат Темјаника и Розов Траминер. На лозовите насади на Бовин исто така има посадено црни сливи и Вишни.

Бовин произведува дел од најдоброто грозје во Македонија.

Вината на Бовин се произведени 80% од сопстевените лозови насади а само 20% од селектирани плантажи со употреба на еколошки методи и се заштитуваат само еднаш или два пати во текот на вегетацијата. Со комбинација на внимателно контролирана ферментација, уникатниот стил на производство и модерната технологија, вината на Бовин се едни од најекслузивните и најценетите вина во Република Македонија

Приближно 70% од вината на Бовин се црвени вина дедека само 30% се бели вина, и главно се продаваат во флаши од 0,75 л, и малку во 0,25л и 0,187л.

Вината на Бовин се категоризираат во: Класик, Супериор, Премиум и Десертни.

Класик црвени вина на Бовин се:Вранец, Кабарне Совињон, Мерло, Пино Ноар и мешавината Александар и Венус.

Класик бели вина на Бовин се: Шардоне, Совињон, Ризлинг, Мускат Темјаника, Tраминец, Дисан Бело и мешавината Симфони.

Класик розе вино на Бовин е: Ана Марија

Супериор вина на Бовин се: Кабарне Совињон Супериор, Мерло Супериор, Шираз, Санџовезе, Темпранило, Кабарне Франц, Петит Вердо, Клеопатра, и мешавината Дарон.

Премиум вина на Бовин се : Император и барикните вина Дисан Барик, Кабарне Совињон Барик и Мерло Барик од црвените а од белите Шардоне Барик.

Покрај вината Бовин произведува и три вида на бренди и тоа: Бовин Природно Жолто Гроздово Бренди, СВ.Трифун Ракија,
СВ.Трифун Премиум Ракија, Шери Бренди - Вишновка и Wine Cooler “3”.

Вински Награди

Седум години Бовин беше шампион на "Агро-Експо Саемот - Скопје" за црвените вина, додека во Белградскиот саем "Светот на Виното " освои гранд златен медал со што беше победник на саемот. Винаријата го постигна својот најголем успех на саемот за "Вино и храна" 2000 во Копенхаген каде виното "Пино Ноар" беше проглаено за апсолутен победник во конкуренција од повеќе од 650 вина од Франција, Шпанија, Италија, Чиле, Аргентина, Калифорнија, Јужна Африка и други земји.Винаријата Бовин има освоено повеќе од 100 регионални и интернационални награди каде некои од поважните се:

Agro-Expo – Skopje, World of Wine - Belgrade, Copenhagen 2000 – Denmark, Chardonnay du Monde – France, Vinoskop – Macedonia, IWC –International Wine Challenge – London UK, CIDC – Concours International Des Cabernets – Paris  France, Premium Select Wine Challenge ProWein - Germany, Mundus Vini – Germany, Slovenian Wine Festival 2013 –  Slovenia, Decanter – UK, Vino Dienos - Lithuania, Royal Wine Challenge, Vinovita – Croatia, Continental wine expo - Croatia, Mosla Vina - Croatia, Interwine China – China - Guangzhou, Hong Kong International Wine Challenge - Hong
Kong, Vino Slovenija Gornja Ragona – Slovenia

 

Ексклузивни производи

Слика на Шардоне Бовин
Суво бело вино - свежо - овошно

Од €9,90 со данок

Слика на Бовина Ана марија
Суво - Полу Слатко Розе - Овошно - Флорално

Од €8,90 со данок

Слика на Бовин Александар Куве
Суво црвено вино- Полно - Овошно-Пикантно

Од €11,25 со данок

Слика на Bovin Venus
Dry red wine -Fruity - Intense

Од €9,90 со данок

Слика на Bovin Vranec
Dry red wine -Fruity - Intense

Од €9,45 со данок

petit-verdot
Суво црвено вино-Овошно-Пикантно

Од €10,50 со данок

Слика на Бовин Шардоне Барик
Суво Бело вино - Полно

Од €17,95 со данок

Слика на Бовин Дисан Барик
Суво црвено вино - интензивно - брилијантно

Од €17,95 со данок

Слика на Мерло Бовин
Суво црвено вино - овошно

Од €9,45 со данок